Nuri Aydın
05 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на заразени со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 3,7 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на интернет страницата „Worldometer“, која објавува најнови информации за пандемијата, бројот на заразени ширум светот достигна 3.705.896.
САД, со 1.226.123 потврдени случаи, се земја со најмногу заразени. Следуваат Шпанија (250.061), Италија (213.013), Велика Британија (194.990), Франција (170.551), Германија (166.521), Русија (155.370), Турција (129.491), Бразил (110.156) и Иран (99.970).
Во Кина, каде најпрво се појави коронавирусот, потврден е 82.881 случај на заразување.
Останатите земји со над 10.000 заразени се Канада (61.959), Белгија (50.509), Индија (49.400), Перу (47.372), Холандија (41.087), Еквадор (31.881), Саудиска Арабија (30.251), Швајцарија (30.009), Португалија (25.702), Мексико (24.905), Шведска (23.216), Пакистан (22.049), Чиле (22.016), Ирска (21.983), Сингапур (19.410), Белорусија (18.350), Катар (17.142), Јапонија (16.420), Израел (16.268), Австрија (15.650), Обединети Арапски Емирати (15.192), Полска (14.431), Романија (13.837), Украина (12.697), Индонезија (12.071), Бангладеш (10.929) и Јужна Кореја (10.801).
Вирусот изби во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, а за брзо се прошири на повеќе од 200 земји и региони ширум светот.
Од последиците на заразување починаа 256.542 лица, а до сега се излекуваа 1.227.745 лица. Моментално има 2.221.609 активни случаи на заразување.