Alaattin Doğru
05 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
ДАКАР (АА) - Причината за смртта на министерот за труд и вработување на Нигер, Мухамед бен Омар, кој почина во неделата, е новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на националниот телевизиски канал „Теле Сахел“ (Tele Sahel) се наведува дека министерот Омар, од Социјалдемократската партија (PSD), починал од Ковид-19.
Во веста беше додадена и изјавата на починатиот министер со заштитна маска каде што вели: „Ковид-19 е смртоносен вирус што треба сериозно да се сфати и се шири брзо, но од него може да се заштитиме ако дејствуваме дисциплинирано.“
Мухамед бен Омар, еден од важните политичари во земјата кој неколку пати бил на функцијата министер, почина во неделата во болницата „Ниамеј“ на 55-годишна возраст.
Од друга страна, во земјата евидентирани се 184 случаи со Ковид-19, починаа 37 лица, а излекувани се 534 лица.