Alma Çekovic
16 Јуни 2016•Ажурирај: 16 Јуни 2016
НИЈАМЕЈ (АА) - Властите во Нигер тврдат дека пронајдените тела, од кои 20 се на деца, во сахарската пустина во близина на границата со Алжир, им припаѓаат на мигранти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Владата на Нигер се вели дека телата се пронајдени во близина на малиот пустински град Асамака и дека веројатно починале од жед, откако криумчарите ги напуштиле.
Министерот за внатрешни работи на Нигер, Базом Мохамед, соопшти дека од пронајдените тела, девет се женски, пет се машки и 20 на деца. Се претпоставува дека починале во периодот од шести до 12-ти јуни.
Во соопштението се наведува дека досега се идентификувани само двајца државјани на Нигерија.
Нигер се наоѓа на рутата на мигрантите меѓу субсахарска Африка и Европа. Според Меѓународната организација за миграции (IOM), минатата година 120.000 луѓе го преминале пустинскиот нигерски регион Агадез.