Betül Yürük
08 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, во однос на критиките на американскиот претседател Доналд Трамп до Светската здравствена организација (СЗО) порача дека сега е време меѓународната заедница да се соедини со цел да се запре епидемијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Сега не е време. Сега е време за единство, меѓународната заедница треба да се соедини и во солидарност треба да ја запре епидемија и погубните последици од неа“.
Во писмената изјава, Гутереш одговори на критиките на Трамп за неуспехот на СЗО во борбата против новиот вид коранавирус и дека ја заземал страната на Кина.
Нагласувајќи дека поддршката на СЗО за победа во војната против Ковид-19 е од витално значење, Гутереш рече:
„Овој вирус не е виден досега, затоа треба да се води борба невидена досега. Кога ќе се затвори оваа страница на епидемијата, ќе се вратиме назад да погледнеме како се појави, како се рашири низ целиот свет и како се боревме против вирусот, и ќе научиме лекции. Но сега не е време. Сега е време за единство, меѓународната заедница треба да се соедини и во солидарност треба да ја запре епидемија и погубните последици од неа.“
Американскиот претседател Трамп истакнувајќи дека СЗО „експлодирала“ во борбата против епидемијата, нагласи: „СЗО сѐ уште е насочена кон Кина, и покрај тоа што во голема мера е финансирана од САД. Ќе се справиме со оваа состојба. За среќа, не го прифатив нивниот совет границата кон Кина да ја оставам отворена. Зошто би ни дале таков погрешен предлог?“
Трамп потоа се закани дека САД ќе ја намали финансиската поддршка за СЗО.