Büşra Nur Bilgiç
05 Ноември 2019•Ажурирај: 05 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турција најави апсење на сестрата на убиениот водач на терористичката организација ДЕАШ, Ебу Бекр ал Багдади, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Апсењето на сестрата на Ал Багдади е уште еден пример за успех на нашите антитерористички операции“, напиша раководителот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, на Твитер.
„Борбата на Турција против тероризмот, без оглед на неговата идеологија или потеклото, продолжува со несмален интензитет“, додава Алтун.
Тој ја потенцираше одлучноста на Турција за реализирање на правдата за оние кои сакаат да го тероризираат регионот.
„Голема мрачна пропаганда против Турција циркулира со цел да се покренат сомнежи за нашата одлучност против ДЕАШ. Ние водевме во борбата против тероризмот во сите негови форми“, истакна тој.
Алтун вели дека одредени кругови во Соединетите Американски Држави (САД) работат напорно за да го направат партнерството на Вашингтон со Анкара невозможно.
„Се надеваме дека на крајот ќе преовлада пристапот што ги разбира вистинските вредности на сојузништвото“, додава тој.
Во однос на очекувањата за посетата на САД од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Алтун нагласува дека лидерите на двете земји ќе се сретнат тогаш кога тие ќе сметаат дека е сходно.
„Одлуката за ноемвриската посета зависи од нашиот претседател“, додаде Алтун.