Rabia İclal Turan
19 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Потенцијалната вакцина развиена од Универзитетот „Оксфорд“ покажа силен имунолошки одговор кај лицата во 60-тите и 70-тите години од животот, покажуваат податоците објавени во медицинското списание „Лансет“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Истражувачите велат дека наодите се охрабрувачки по испитувањата од втората фаза, во кои учествувале 560 здрави возрасни лица, меѓу кои 240 над 70-годишна возраст.
„Понатамошната проценка на ефикасноста на оваа вакцина е загарантирана кај сите возрасни групи и лица со коморбидитети“, се додава.
Третата фаза на испитување на вакцината сè уште трае, а првичните резултати се очекуваат во наредните недели.
Британските власти веќе нарачаа 100 милиони дози од оксфордската вакцина, произведена од „АстраЗенека“.
Откритијата на „Оксфорд“ дојдоа откако „Фајзер“ и „БајоНтех“ вчера објавија дека нивниот кандидат за вакцина е 95% ефикасен против Ковид-19, со 94 % ефикасност кај лицата на возраст од 65 години и повеќе.
Американската биотехнолошка компанија „Модерна“, исто така, во понеделникот објави дека нејзиниот кандидат за вакцина против коронавирусот има ефикасност од 94,5%.