Betül Yürük
25 Август 2020•Ажурирај: 26 Август 2020
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Обединетите нации (ОН) предупредуваат дека загубата на приходите од туризмот поради пандемијата на Ковид-19 може да достигне 1,2 билиони долари поради и дека 120 милиони луѓе се изложени на ризик да ги загубат своите работни места, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го соопшти извештајот за влијанието на коронавирусот врз туризмот, еден од најважните светски економски сектори.
Истакнувајќи дека туризмот обезбедува вработување за едно од секои 10 лица, Гутереш рече дека епидемијата силно го погодила секторот.
„Во првите пет месеци од 2020 година меѓународните туристи се намалија за повеќе од половина и има загуба од 320 милијарди долари“, нагласи Гутереш.
Тој предупредувајќи дека загубата на приходите од туризмот може да достигне 1,2 билиони долари, рече: „120 милиони луѓе се изложени на ризик да ги загубат своите работни места“.
Генералниот секретар истакна дека епидемијата на коронавирусот создаде огромен шок во туристичкиот сектор на развиените економии.
Меѓу другото, изјави дека епидемијата особено влијаела во земјите во развој, многу мали островски држави и африканските земји.
Гутереш нагласи дека обновата на туристичкиот сектор треба да биде безбедна и во согласност со климатските промени.
Тој, исто така, ја наведе важноста на употребата на технологија во секторот на туризмот, за која рече треба да достигне максимално ниво.