Tevfik Durul
25 Август 2020•Ажурирај: 26 Август 2020
АТИНА (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) и Грција вчера спроведоа заедничка воена вежба во морското подрачје јужно од островот Крит, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералштабот на Грција соопшти дека во рамките на постојаната воена соработка меѓу двете држави спроведена е заедничка вежба со учество на морнарицата и воздухопловните сили.
Во соопштението, нагласувајќи ги силните врски на Грција и САД, се истакнува дека вежбата што се одржа вчера е „доказ за зголемување на нивото на оперативна подготвеност, борбена способност и соработка на двете земји и во рамките на НАТО“.
На воената вежба одржана во морското подрачје јужно од Крит Грција учествуваше во фрегатата „Егеон“, подморница од типот „214“ и шест авиони Ф-16, додека САД со воениот брод „Винстон С. Черчил“ и хеликоптери.