Aşkın Kıyağan
25 Февруари 2021•Ажурирај: 25 Февруари 2021
ВИЕНА
Австрискиот премиер Себастијан Курц побара примена на „зелен пасош на ЕУ“ за луѓето кои се вакцинирани против коронавирусот (Ковид-19), кои оздравеле или се тестирани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Курц изјави дека ќе предложи примена на „пасошот на вакцинација“ како во Израел, на Самитот на челници на ЕУ, кој ќе се одржи утре, а со цел воспоставување полна слобода на движење во Европската Унија (ЕУ).
„Зелениот пасош треба да се даде на луѓето кои се вакцинирани или имунизирани по заразувањето или на оние кои само што го направиле тестот“, изјави Курц.
Напоменувајќи дека ќе се обиде да пронајде решение од ЕУ, Курц нагласи дека во спротивно ќе биде усвоен националниот пристап и дека ќе соработува со соседните земји кои споделуваат исто мислење на спроведувањето на овој проект.
Во Австрија во последните 24 часа се регистрирани 2.006 нови случаи на заразување и 36 починати.