Fahri Aksüt
04 Април 2020•Ажурирај: 05 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Здравствените власти во Мароко и Египет денеска потврдија нови смртни случаи од новиот вид коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мароко регистрира 47 смртни случаи, а бројот на заразени лица се искачи на 761.
Со 26 излекувани пациенти, вкупниот број излекувани лица во земјата изнесува 57.
Египетските власти објавија 120 нови случаи на заразени со Ковид-19 во земјата, со што вкупниот број се искачи на 985.
Бројот на починати во Египет се искачи на 66.
Од појавувањето во кинескиот град Вухан, минатиот декември, новиот вид коронавирус, Ковид-19, се рашири во речиси 200 земја и региони.
Податоците на американскиот Универзитетот „Џонс Хопкинс“ покажуваат дека во светот досега се заразени над 1 милион луѓе, со речиси над 60.000 смртни случаи. Повеќе од 226.100 луѓе се излекувани.