Fahri Aksüt
04 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
АНКАРА (АА) - Војската на Чад денеска уништи пет бази на терористичката организација Боко Харам, по нападот на терористите врз воена база на 23 март во кој загинаа 98 војници на Чад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Базите во Нигер и Нигерија беа уништени како дел од Операцијата на гневот на Бома“, соопшти Претседателството на Чад, од каде што се порачува дека операциите против терористичката организација ќе продолжат без запирање.
Боко Харам започна со своите злосторства во 2009 година во североисточна Нигерија, но подоцна го прошири дејствувањето во соседните држави Нигер, Чад и Камерун, што предизвика одговор на војската.
Според податоците на Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) за координација на хуманитарните активности, за една деценија, поради терористичките активности на Боко Харам во Нигерија, над 30.000 луѓе се убиени и речиси 3 милиони се раселени.