Nuri Aydın,Gökhan Varan
07 Септември 2020•Ажурирај: 08 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), што за првпат се појави во градот Вухан во кинеската покраина Хубеи, за кус период се рашири низ целиот свет. Досега Ковид-19 е детектиран кај повеќе од 27.296.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите објавени на интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира податоците во врска со коронавирусот, досега овој вирус е причина за смртта на 887.596 лица кои биле заразени со Ковид-19.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран новиот тип коронавирус се искачи на 27.296.207, а оздравеа 19.379.478 пациенти кои претходно биле позитивни на Ковид-19.
Во моментов во светот има 7.029.133 активни случаи на заразеност со новиот тип коронавирус.
САД се земја што е најмногу погодена од пандемијата на коронавирусот во светот, со 6.460.421 лице позитивни на Ковид-19 и 193.253 починати како последица на коронавирусот.
- Земји во светот во кои широко е распространет Ковид-19 -
Покрај САД, земји во светот во кои бројката на заразени со коронавирусот надминува 250.000:
Индија (4.204.613), Бразил (4.137.606), Русија (1.025.505), Перу (689.977), Колумбија (666.521), Јужноафриканска Република (638.517), Мексико (634.023), Шпанија (517.133), Аргентина (478.792), Чиле (422.510), Иран (386.658), Велика Британија (347.152), Бангладеш (325.157), Франција (324.777), Саудиска Арабија (320.688), Пакистан (298.903), Турција (279.228), Италија (276.806), Ирак (260.370) и Германија (251.724).
Земји во светот во кои, покрај во САД, бројот на смртни случаи поради Ковид-19 надминува 10.000:
Бразил (126.686), Индија (7.704), Мексико (67.326), Велика Британија (41.549), Италија (35.534), Франција (30.724), Перу (29.687), Шпанија (29.418), Иран (22.154), Колумбија (21.156), Русија (17.820), Јужноафриканска Република (14.779) и Чиле (11.551).