Dmitri Chirciu
08 Октомври 2020•Ажурирај: 12 Октомври 2020
МОСКВА
Во Русија, бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 22.056, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 1.260.112, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 11.493 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 1.260.112.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 191 лице. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 22.056.
Оздравеа уште 7.054 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 1.002.329 лица.
Во Русија направени се над 49,1 милион тестирања за Ковид-19.