Elena Teslova
04 Ноември 2021•Ажурирај: 05 Ноември 2021
МОСКВА (АА) - Во Русија денеска се регистрирани рекорден број на починати од последиците на коронавирусот, при што во текот на изминатиот ден починаа 1.195 лица и бројката на вкупно починати во земјата изнесува 243.255, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во истиот период, 40.217 луѓе биле позитивни на Ковид-19, со што билансот во земјата се искачи на 8,67 милиони, а активните случаи на 953.239“, соопшти руската работна група за коронавирусот во дневниот извештај.
„Бројот на оздравени во изминатите 24 часа се зголеми за 31.928 и достигна 7,47 милиони“, се вели во извештајот.
Во Русија од 28 октомври владее 10-дневен неработен период со цел да се спречи ширењето на вирусот.
Од декември 2019 година, пандемијата во светот однесе повеќе од 5,02 милиони животи во 192 земји и региони, со над 248,2 милиони случаи пријавени низ светот, според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.