Yusuf Özcan
04 Ноември 2021•Ажурирај: 05 Ноември 2021
ПАРИЗ (АА) - Франција вчера го додели најголемото признание „Легија на честа“ на германската канцеларка во заминување, Ангела Меркел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Францускиот претседател Емануел Макрон и сопругата Брижит Макрон ги угостија германската канцеларка и нејзиниот сопруг Јоаким Сауер, кои престојуваат во последната службена посета на Германија.
Угостувајќи ги во срцето на винскиот регион Бургунди наместо во Елисејската палата во Париз, Макрон се заблагодари за лекциите на кои го научила Меркел.
Тој истакна дека наградата на Меркел е доделена во знак на благодарност за сѐ она што таа го направила за Европа.