Mücahit Oktay
17 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.592 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 90.142 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 23.429 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи се зголеми на 1.509.142.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 1.592 лица со што вкупната бројка на починати се искачи на 90.142.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Русија со 281.752 откриени случаи, Шпанија со 277.719 откриени случаи и Велика Британија со 240.161 откриен случај.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Илионис.
Во Њујорк откриени се 358.099 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 28.134 лица.
Во САД досега се извршени над 12 милиони тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус дистигна речиси 340.000.