İdiris Okuduci
17 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
БАГДАД
Ирачката Војска започна голема операција против терористичката организација ДЕАШ во руралните подрачја на три покраини во земјата, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Безбедносната мрежа „Мејда“, поврзана со ирачкото Министерство за одбрана, наведе дека во различни подрачја во Салахадин, Мосул и Анбар започнати се 11 различни воени операции, со цел расчистување на остатоците на ДЕАШ.
Во соопштението се наведува дека операцијата се спроведува во јужниот дел на Мосул, во пустинските региони во северен Анбар и во западниот дел на покраината Салахадин, со поддршка на воените авиони на ирачките воздухопловни сили.
Ирак веќе долго време е средиште на длабока политичка и безбедносна криза. Терористичката организација ДЕАШ летото 2014 година го окупираше ирачки Мосул и низа соседни регии, а со заедничка операција на ирачките сили регионот е ослободен за помалку од четири години.
Постојана безбедносна закана во Ирак и понатаму се таканаречените „заспани“ ќелии на ДЕАШ.