Islam Doğru
24 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 3.178 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 49.963 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според последните податоци објавени од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во последните 24 часа со Ковид-19 заразени се уште 26.548 лица, со што вкупниот број на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 869.172.
Во последните 24 часа починале уште 3.178 лицa, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 49.963 лица.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Шпанија со 219.764 откриени случаи, Италија со 189.973 откриени случаи и Франција со 159.495 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Масачусетс.
Во САД досега се извршени 4 милиони 684 илјади и 300 тестирања за Ковид-19, додека 80.984 лица се излекувани од оваа болест. Моментално 123.981 лице се лекуваат во болници.