Berk Özkan
24 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Според соопштението, Ердоган и Меркел разговараа за можностите за соработка во врска со чекорите кои ќе се направат во борбата против Ковид-19 и во периодот по пандемијата.
Во ова соопштение се нагласува дека Ердоган и Меркел се осврнаа и на билатералните односи, како и на регионални прашања.