Hakan Çopur
24 Август 2020•Ажурирај: 26 Август 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека Управата за храна и лекови на Соединетите Американски Држави (FDA) одобрила терапија со плазма против коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференцијата одржана во Белата куќа, Трамп рече дека терапијата со плазма ќе биде значајна надеж за лекување на пациентите со Ковид-19.
Упатувајќи повик до американските граѓани кои претходно имале Ковид-19 и оздравеле да одат во релевантните здравствени институции за да донираат плазма, Трамп порача:
„Секоја плазма што ќе ја дадете на друго место ќе спаси живот“.
Терапијата со плазма Трамп ја нарече „историски успех“ и изјави дека ваквата терапија ќе овозможи да се излекуваат милиони луѓе.
Трамп, исто така, наведе дека во блиска иднина ќе објават добри вести и за вакцината за Ковид-19.
Говорејќи на истата прес-конференција, директорот на Управата за храна и лекови на САД (FDA), Стивен Хан, исто така, истакна дека терапијата со плазма ветува многу и дека се надеваат дека ќе се излекуваат повеќе луѓе.
Според најновите податоци, бројот на починати во САД во епидемијата е над 180.000.