Ekipa
12 Октомври 2021•Ажурирај: 13 Октомври 2021
ЖЕНЕВА (АА) - Советничката група на Светската здравствена организација (СЗО) препорача луѓето со ослабен имунолошки систем, кои се целосно вакцинирани против коронавирусот, да добијат дополнителна доза од која било вакцина одобрена од СЗО, јавува Агенција Анадолија (АА).
„САГЕ препорача на умерено и тешко имунокомпромитираните лица да им се понуди дополнителна доза од која било од вакцините против Ковид-19 од Списокот за итна употреба (EUL) на СЗО како дел од продолжената примарна серија“, се вели во соопштението на Стратегиската советодавна група експерти за имунизација (SAGE).
Вакцините нема да бидат единствениот фактор што ќе доведе до заврување на пандемијата на Ковид-19, туку се важен придонесувач за нејзиниот крај, велат експертите од групата.
На прес-конференција на ОН, групата соопшти дека се состанале во периодот меѓу 4 и 7 октомври за да ги прегледаат најновите информации и податоци за вакцините против Ковид-19 и дека сакаат да го испитаат ова прашање поблиску.
Тие рекоа дека промовирањето на вакцините против Ковид-19 започнало во сите региони на СЗО, иако темпото на вакцинација варира значително помеѓу и во регионите, главно предизвикано од нееднаквиот пристап и снабдување со вакцини.
Педесет и шест земји претежно во африканските и источномедитерански региони не беа во можност да ја постигнат целта за целосно вакцинирање на 10 отсто од нивното население до септември 2021 година, главно поради недостаток на вакцини.
„Во медиумите и научната литература се пишува многу за употребата на дополнителните дози надвор од оние дози што беа тестирани во контекст на клинички испитувања и фразата што се користи околу дополнителни дози често се нарекува како „бустер доза““, рече д -р Кетрин О’Брајан, директорка на СЗО од Одделот за имунизација, вакцини и биолошки производи.
САГЕ го упати апелот бидејќи имунокомпромитираните лица се со помала веројатност соодветно да одговорат на вакцинацијата по стандардната серија на примарната вакцина и се изложени на висок ризик од тешка клиничка слика од Ковид-19.
- Комплексно прашање во врска со вакцините -
„Ова е комплексно прашање во врска со различните вакцини, различните ризични групи, варијанти што циркулираат, времето од вакцинацијата, со други зборови, слабеењето на имунитетот или потенцијалното намалување на имунитетот“, рече О'Брајан.
Резултатите од најголем интерес се тешките исходи: хоспитализација, сериозни болести и смрт, и така ќе се разгледаат сите овие прашања и теми.
„Вакцините нема да бидат единственото нешто што ќе доведе до крај на пандемијата, но тие се важен придонесувач за крајот на пандемијата“, додаде таа.
Рече дека според одредени проценки очекуваат над 14 милијарди дози на вакцини во 2022 година.
Тоа е повеќе од доволно за решавање на целите што СЗО ги постави во својата стратегија за 70 отсто на целосната покриеност во глобалната вакцинација до средината на 2022 година.
„Прашањето е сега навистина чувството за итност дека тие вакцини треба да одат на места каде што недостасуваат“, изјави О'Брајан.
Таа истакна дека околу побарувачката на вакцини, прифаќањето и колебливоста се сложени прашања кои не се единствени за вакцините.
Др. Алехандро Кравиото, претседателoт на САГЕ, рече: „Интересно е што во некои земји каде што има огромна достапност на вакцини, постои ова двоумење, додека во други, луѓето брзаат да се регистрираат и да чекаат на ред со часови, за да можат да припат вакцина.“