Fuat Kabakcı
19 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со новиот вид коронавирус Ковид-19, во светот надмина 4,9 милиони, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Според податоците на интернет-страницата „Worldometer“, која ги објавува најновите информации за пандемијата, бројот на заразени во светот достигнал 4.905.839.
Соединетите Американски Држави (САД) со 1.550.294 потврдени случаи се земја со најмногу заразени во светот.
Следуваат Русија (299.941), Шпанија (278.719), Бразил (255.368), Велика Британија (246.406), Италија (225.886), Франција (179.927), Германија (177.289) и Турција (150.593).
Останати земји со над 50.000 потврдени случаи на коронавирусот се Иран (122.492), Индија (101.261), Перу (94.933), Кина (82.960), Канада (78.072), Саудиска Арабија (57.345), Белгија (55.559) и Мексико (51.633).
Коронавирусот Ковид-19 се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година и брзо се прошири во над 200 земји и региони низ целиот свет.