Gökhan Ergöçün
17 Декември 2020•Ажурирај: 18 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција го зајакна својот капацитет за производство на вакцини, со трите турски фирми кои можат да се пофалат со капацитет за производство на 160 милиони дози вакцини, истакна турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Четири турски вакцини кандидати против Ковид-19 успешно ги завршија испитувањата на животни“, соопшти Варанк на конференцијата за лекови и вакцини одржана онлајн, а организирана од платформата на Советот за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) за Ковид-19.
Откако за првпат се појави во Кина минатиот декември, со коронавирусот Ковид-19 се заразија над 74 милиони луѓе во светот, додека битката со вирусот ја изгубија 1,65 милиони луѓе. Вкупниот број на оздравени достигна 42 милиони.
Во Турција од март регистрирани се 1,9 милиони случаи на вирусот, додека вирусот предизвика околу 17.000 смртни случаи.
„Платформата за Ковид-19 во Турција користеше многу различни светски технологии за вакцини, вклучувајќи уште поиновативни техники“, рече Варанк.
Тој додаде дека за период од една година ќе биде формиран Центар за развој на вакцини и лекови како дел од ТУБИТАК.