Gökhan Ergöçün
20 Август 2019•Ажурирај: 22 Август 2019
АНКАРА (АА) - Технолошките паркови ќе играат клучна улога во растот на турската технологија, истакна турскиот министер за индустрија и технологија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Зголемувањето на бројот на фирми во технопарковите и нивниот квалитет е една од нашите стратешки цели“, нагласи министерот Мустафа Варанк за АА.
Тој рече дека ова ќе го зголеми бројот на технолошки фирми со седиште во земјата.
„Технолошките паркови обезбедуваат безбеден простор за работа“, рече тој.
„Бројот на технолошки паркови, што во 2001 година беа два, денес изнесува 84 во вкупно 56 града“, вели Варанк.
Тој потсети дека новите компании во технолошките паркови добиваат поддршка од Владата во форма на даночни ослободувања и попусти за изнајмување простор.
„Информатичките технологии и електрониката се најистакнатите сектори во технопарковите“, истакна тој.
Компаниите произведуваат различни производи, од одбранбени системи до роботска технологија и навигациски софтвери.
Турскиот министер нагласи дека во овие компании вработени се над 55.000 лица.
Варанк додаде дека фирмите со вредност од над милијарда долари ќе ја претставуваат Турција на меѓународно ниво.