Burak Bir,Fahri Aksüt
17 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
АНКАРА
Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа денес изјави дека вкупно 1.014 лица оздравеле од Ковид-19 во текот на изминатите 24 часа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство на Турција, вкупниот број на заразени лица од Ковид-19 се искачи на 217.799, при што во последните 24 часа е потврдено заразување кај уште 926 лица.
Вкупниот број на починати од последиците на Ковид-19 изнесува 5.458, од кои 18 нови жртви во последните 24 часа.
Во текот на изминатиот ден се спроведени вкупно 41.215 тестови, при што вкупниот број на направени тестови до сега изнесува над 4,19 милиони.
Турскиот министер за здравство изјави дека се зголемува бројот на пациентите на интензивна нега и интубација.
Тој исто така нагласи дека во тек се напори за намалување на бројот на смртни случаи со поставување на рана дијагноза, скрининг и лекување.