Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
26 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
АНКАРА
Турското Министерство за внатрешни работи денеска издаде известување до сите 81 гувернерски кабинети, дека ќе се одложат пленарните сесии на градските, локалните администрации и администрации на подрачја и области, кои требаше да се одржат во април, мај и јуни, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Одлуката е донесена како дел од напорите да се спречи ширењето на Ковид-19“, се вели во соопштението на Министерството.
Планираните пленарни седници на овие администрации за април, мај и јуни, ќе бидат одложени до понатамошно известување.
„Во некои вонредни состојби, локалните администрации можат да одржуваат вонредни состаноци во рамките на релевантното законодавство за да спречат какво било прекинување на локалните должности сè додека не се преземат неопходните здравствени мерки“, се додава во соопштението.
Турција продолжува да презема мерки во областите на економијата, трговијата, образованието и здравството, со цел да го спречи ширењето на вирусот.
Бројот на починати од коронавирусот во Турција изнесува 59, од вкупно 2.433 заразени пациенти.