Handan Kazancı
26 Мај 2020•Ажурирај: 27 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
Во Турција е забележан значителен пораст во бројот на оздравени од Ковид-19, соопшти турското Министерството за здравство, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на пациентите кои оздравеле достигна 121.507, при што 1.492 лица беа пуштени од болница во текот на изминатиот ден“, изјави министерот за здравство Фахретин Коџа.
„Околу 984 нови случаи на заразување се пријавени во земјата, со што вкупниот број на заразени изнесува 158.762“, додаде Коџа.
„Бројот на починати од епидемијата се искачи на 4.397, при што во текот на последните 24 часа се пријавени 28 нови смртни случаи“, се додава од Министерството.
Здравствените работници исто така направија над 19.800 тестови за вирусот, со што вкупниот број на направени тестови изнесува над 1.87 милиони.
Во моментот, околу 739 пациенти се наоѓаат на интензивна нега.
Новиот вид коронавирус се рашири во речиси 200 земји и региони во светот. САД, Русија, Бразил и неколку европски земји се најтешко погодени од вирусот.
Пандемијата одзеде речиси 348.000 животи во светот, регистрирани се над 5.54 милиони лица позитини на Ковид-19, а од заразеност со вирусот оздравеа 2.27 милиони луѓе, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“ од САД.