Seda Sevencan,Merve Berker,Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
26 Април 2021•Ажурирај: 27 Април 2021
ИСТАНБУЛ/АНКАРА (АА) - Турција ќе воведе целосно затворање од 29 април до 17 мај за да се запре ширењето на коронавирусот, објави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи пред новинарите по тричасовниот состанок на Кабинетот во главниот град Анкара, Ердоган сподели детали во врска со воведувањето нови мерки во Турција во борбата против Ковид-19.
„Преминуваме на целосно затворање од четврток, 29 април, од 19 часот до понеделник, 17 мај, до 5 часот наутро“, рече Ердоган.
Тој соопшти дека сите деловни субјекти ќе ја прекинат работата за време на ограничувањата, освен оние изземени со одлука на турското Министерството за внатрешни работи.
Додаде дека во рамките на новите епидемиолошки мерки, меѓуградските патувања ќе бидат можни само со дозвола, а јавниот превоз ќе работи само со 50 отсто од својот капацитет.
Се прекинува наставата со физичко присуство во сите школски установи, а сите испити ќе бидат одложени. Синџирите на маркети ќе бидат затворени во неделите, а во другите денови ќе продолжат да работат само во одредено време.