Merve Yıldızalp Özmen
25 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
АНКАРА
Во Турција се потврдени 106 нови смртни случаи предизвикани со заразување на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупниот број на починати лица од Ковид-19 во оваа земја е зголемен на 2.706, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на Република Турција Фахретин Коџа на социјалната мрежа Твитер соопшти дека бројот на заразени е зголемен на 2.861, а вкупната бројка на заразени изнесува 107.773.
Досега од болниците се отпуштени повеќе од 25.000 пациенти кои се опоравија од заразувањето, а само денес се отпуштени 3.845 пациенти.
Ковид-19 се појави во Кина во декември минатата година, а болеста се прошири во речиси сите земји од светот. Од заразувањето највеќе се погодени Европа и САД.
Податоците покажуваат дека во светот од Ковид-19 починале повеќе од 200.000 лица, додека се заразени повеќе од 2,86 милиони лица. Воедно, повеќе од 819.000 лица се опоравија од болеста, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс".