Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
05 Август 2020•Ажурирај: 06 Август 2020
АНКАРА
Турција ќе испрати медицинска помош во рамките на билатералниот договор, се вели во известувањето објавено во официјалниот Службен весник, јавува Агенција Анадолија (АА).
Договорот меѓу Турција и Венецуела за „донации во областа на здравството“ беше потпишан на 11 јуни во Анкара, се вели во извештајот.
Како „гест на пријателство и добра волја“, Турција ќе донира медицински материјали, вклучувајќи 25 респиратори, 100.000 хируршки маски, 50.000 маски од типот N95, 35,000 заштитни комбинезони, 200.000 ракавици и 40,000 комплети за тест.
Турција испрати медицинска помош во речиси 140 земји за да им помогне во борбата со пандемијата на Ковид-19.
Пандемијата на коронавирусот досега одзеде повеќе од 700.000 животи во 188 земји и региони од светот.
Над 18,5 милиони случаи на заразеност со Ковид-19 се пријавени во светот, а САД, Бразил, Индија и Русија во моментот се најтешко погодени земји, според податоците објавени од страна на американскиот универзитет Џонс Хопкинс.
Според овие податоци, повеќето од половината пациенти - над 11 милиони заразени закрепнале.