Mehmet Yılmaz
01 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Октомври 2020
БУДИМПЕШТА
Власта во Унгарија донесе одлука со која во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), границите на земјата ќе останат затворени уште еден месец, известува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Гергели Гулјас организираше прес-конференција на која соопшти дека земјата се бори со вториот бран на пандемијата на коронавирусот. Во своето обраќање тој информира дека во земјата дневно се регистрираат од 600 до 1.000 новозаразени, додавајќи дека Владата продолжува да презема превентивни мерки во рамките на борбата против пандемијата.
Гулјас истакна дека во тие рамки, унгарската Влада на 1 септември објавила дека е донена одлука со која затворањето на границите на земјата е продолжено уште еден месец.
Според оваа регулатива, во земјата, покрај за државјаните на Унгарија, дозволен е влез и за државјаните на Полска, Чешка и Словачка.
Во последните 24 часа во Унгарија се детектирани 848 новозаразени случаи на Ковид-19, вкупно 27.309 од почетокот на пандемијата. Досега во оваа земја од последици на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 781 лице.