Yusuf Özcan
31 Јули 2020•Ажурирај: 31 Јули 2020
ПАРИЗ
Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 30.254 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Овие информации преку соопштение ги соопшти Министерството за здравство на Франција.
Потврдени се уште 1.377 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 216.110.
Исто така, во последните 24 часа починаа уште 16 лица, со што вкупниот број на починати во земјата порасна на 30.254.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 5.375 лица, од кои 381 се наоѓа на интензивна нега.
Од Ковид-19 се излекувани уште вкупно 81.667.