Muhammed Emin Canik
31 Јули 2020•Ажурирај: 31 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС
Владата на Бразил, кој е најпогодена земја од пандемиајта на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Латинска Америка, донесе одлука за дозволување на странците да влезат во земјата само преку воздушен пат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на бразилските медиуми врз основа на Службен весник, Владата донесе одлука за делумно отворање на границите, кои беа затворени за странци од март досега поради Ковид-19.
На странците ќе им биде дозволено да влегуваат во земјата преку воздушен пат, додека останатите граници ќе бидат затворени до крајот на август.
Во овие рамки, на странците ќе им биде дозволен престој од најмногу 90 дена во земјата, додека здравственото осигурување ќе биде задолжително за време на престојот во Бразил.
Од оваа одлука исклучени се бразилските сојузни држави Мато Гросо до Сул, Париба, Рондониа, Рио Гранде до Сул и Токантинс. Аеродромимте во овие држани ќе бидат затворени до крајот на август.