Yusuf Özcan
09 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
ПАРИЗ
Обвинителството во Париз отвори истрага во врска со постапувањето на Владата на Франција за време на епидемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА)
До истрагата дојде поради поднесувањето на 80 кривични пријави на граѓаните, погодени од Ковид-19, поради реакциите на државните органи на епидемијата. Тие ги обвинија властит за загрозување на животот на другите и дека не помагале на луѓето кои се во опасност за време на рестриктивните мерки, изјави јавниот обвинител на Париз, Реми Хаиц.
„Истрагата, која не ги опфаќа смртните случаи во домовите за стари лица, ќе има за цел откривање на можните кривични дела“, додаде Хаиц.
До 8 јуни во Франција беа потврдени 29.209 смртни случаи од последиците на заразување со Ковид-19.