Havva Kara Aydın
25 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Јапонија денес ја укина вонредната состојба на територијата на целата земја, што беше воведена со цел борба против коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Одлуката е објавена од страна на премиерот Шинзо Абе, јави „Кјодо њуз“.
„Одлуката го опфаќа Токио, префектурите Канагава, Чиба и Саитама, како и Хокаидо во северна Јапонија“, се наведува во веста.
Ослободени од ограничувањата, на граѓаните сега им е дозволено слободно да излегуваат надвор, а со оваа нова одлука продолжуваат со работењето и бизнисите.
Претходно, премиерот Абе ја укина вонредната состојба во 42 од 47 префектури во земјата.
Јапонија воведе вонредна состојба на почетокот на минатиот месец за период од еден месец поради борба против Ковид-19, а подоцна ја продолжи до 31 мај.