Alma Dekovic
05 Август 2021•Ажурирај: 06 Август 2021
ЊУЈОРК
Богатството на поп-пејачката Ријана е проценето на 1,7 милијарди долари, што ја прави најбогатата музичарка на светот, објави списанието „Форбс“ (Forbes), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Најголем дел од богатството на пејачката, со вистинско име Робин Фенти, 1,4 милијарди долари, произлегува од 50 отсто од нејзиниот удел во козметичката линија „Фенти бјути“.
Остатокот од нејзиното богатство главно произлегува од компанијата „Севиџ икс Фенти“, вредна околу 270 милиони долари и од заработката од музиката и актерството.
Пејачката од Барбадос е втора најбогата забавувачка по Опра Винфри.
Нејзината козметичка компанија е основана во 2017 година во партнерство со компанијата ЛВМХ.