Abdullah Aşıran
08 Декември 2019•Ажурирај: 10 Декември 2019
ДЕН ХАГ (AA) – Посетителите од синоќа можат да ги погледнат восхитувачките скулптури од лед изложени во Ден Хаг, Холандија, а во чија изработка уметниците вложија многу работа и труд, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фестивалот е организиран на брегот на Шевенинген, а особено внимание, како на децата така и на возрасните, го привлекоа скулптурите на ликовите од анимираниот филм „Снежното кралство“ (Frozen).
Посетителите настојуваат преку фотографија да ја претстават убавината на скулптурите изложени во шатор со површина од 500 метри квадратни.
Фестивалот ќе биде отворен до 12 јануари 2020 година.