Nazlı Yüzbaşıoğlu
13 Декември 2019•Ажурирај: 14 Декември 2019
АНКАРА (AA) - Традиционалното турско стреличарство е ставено на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО во Богота, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од турското Министерство за надворешни работи наведоа дека Турција ќе ги интензивира активностите во рамките на УНЕСКО и ќе продолжи да го промовира културното наследство на меѓународно ниво.
Наведоа и дека „Турското традиционално стреличарство“ на состанокот во Богота е ставено на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.
По повод уписот на листата, спортистите од Фондацијата за стреличарство ќе се претстават со овој стар, традицонален спорт.
Турското стреличарство низ историјата стана традиционална вештина. Со текот на времето е подигнато на високо ниво преку академиите за стрелаштво.