Bedrudin Brljavac
26 Ноември 2021•Ажурирај: 27 Ноември 2021
AСУАН (АА) - Во историскиот град Асуан, на југот на Египет, одржана е церемонија за отворање на Патот на сфингата со глава на овен од периодот на фараоните, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ова здание е официјално отворено откако е завршена неговата реставрација според изгледот од фараонскиот период.
Патот на сфингата поврзува два храма од фараонскиот период и датира од пред 3.000 години. На церемонијата се организираше перформанс кој го претставува староегипетскиот период.
Сфинга или сфинкс претставува зооморфно митолошко суштество. Во стариот Египет било митско суштество со тело на лав а глава на човек, овен, сокол или јастреб.
Во грчката митологија тоа е чудовиште со тело на лав, а глава и гради на девојка. Фараон е титула користена за врховниот владетел на старата египетска држава.
Градот Асуан се наоѓа на десниот брег на реката Нил.