Furkan Abdula
03 Декември 2018•Ажурирај: 04 Декември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Културно уметничкото друштво „Јени Јол“ од Скопје по повод 70 години од своето постоење одржа јубилеен концерт, јавува Anadolu Agency (AA).
На настанот учествуваа претставници на турските и локалните организации и институции, претставници на политичките партии во земјата, љубители на уметноста како и голем број поканети гости.
Во рамки на настанот, членовите на културно-уметничкото друштво организираа концерт со турски народни песни, како и програма со народни ора.

Претседателот на ова друштво, Салајдин Зекир, во своето обраќање пред присутните истакна дека ова друштво има за цел промовирање на културата, историјата и обичаите на Турците во Македонија, и дека друштвото постигнало успеси на тоа поле.
Зекир информираше дека во текот на овие години зеле учество на голем број фестивали и концерти.
„Нашето друштво создаде мостови меѓу народите и културите, и стекна бројни пријатели во земјата и во странство. Исто така, реализиравме заеднички проекти со здруженија и општини во разни градови и земји“, рече Зекир.
Во рамките на програмата, лицата кои дале свој придонес кон ова културно-уметничко друштво во текот на овие години, добија плакета од страна на раководителите на друштвото.
Културно-уметничкото друштво „Јени Јол“ од Скопје во својот состав има фолклорна група, група на пеjачи, драмска група, литературна група и свој оркестар.