Gamze Türkoğlu Oğuz
05 Декември 2018•Ажурирај: 06 Декември 2018
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Американскиот актер и комичар Кевин Харт ќе ја води церемонијата на 91. доделување Оскари, што ќе се одржи во Лос Анџелес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Актерот на Инстаграм напиша дека му се остварил долгогодишниот сон. „Добредојде во семејството“ на Харт му посакаа и членовите на Академијата за филмска уметност и наука.
Доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 24 февруари. Харт стана познат по филмовите „Ride Along“, „Jumanji: Welcome to the Jungle“ и „Night School“.