Bekim Laci
12 Мај 2016•Ажурирај: 14 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Претставници од Националната галерија на Македонија за време на престојот во Тирана потпишаа меморандум за соработка со Националната галерија на Албанија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено во соопштението објавено од страна на Националната галерија на Македонија, договорот бил потпишан вчера од страна на директорката на Институтот Дита Старова Керими и нејзиниот колега во Тирана, Артан Шабани.
Во соопштението понатаму се вели дека билатералната соработка има за цел да се воспостават оперативни ресурси на двете институции за имплементација на проекти, истражување, изложби на уметници, семинари, предавања, итн.
Директорката Керими, придружувана од државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехаби, за време на престојот во Тирана, се сретна со министерот за култура на Албанија, Мирела Кумбаро, каде што разговарале за соработка во областа на културата, како што е наведено, акцент е ставен на меѓусебната соработка и размена на идеи, знаење и размена на изложби.