Blerim Krasniqi
13 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
ПРИШТИНА (АА) - Вечерва во Народниот театар во Приштина премиерно беше изведена драмата по авторски текст на Теки Дервиши насловена како "Коските што доаѓаат подоцна", а во режија на македонскиот режисер Мартин Кочовски, јавува Anadolu Agency (AA).
Актерите на претставата се: Астрит Кабаши, Бајруш Мјаку, Адриан Морина, Шкелзен Весели, Лумние Сопи, Арта Селими, Албулена Криезиу, Арменд Балоку и Бујар Ахмети. Сценографија и костимографијата се подготвени од страна на Јулијана Војкова, додека музиката е дело на Оливер Јосифовски.
Драмата "Коските што доаѓаат подоцна" се занимава со судбината на исчезнатиот индивидуален идентитет. Односите меѓу моќта на човекот кој го загуби својот идентитет и се обидува да го спаси спротиставувајќи им се на притисоците на реалноста.
"Коските што доаѓаат подоцна" ќе биде прикажана на јавноста неколку пати до крајот на сезоната, а предвидено е да патува низ други театри и во странство.