Aldıjana Hadzıc
02 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
МЕДЕЛИН (АА) - Во Колумбија се одржува Фестивалот на цвеќето, кој секога година го посетуваат неколку илјади лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во склоп на фестивалот, кој започна на 25.јули, во трговскиот центар „Сантафе“, во колумбискиот град Меделин изложена е фигура на паун направена од 182.000 цветови.
Фестивалот во тој град се одржува веќе речиси шест децении.
Така во изработката на „тепихот” од цвеќиња во 2014 година користени се над 150.000 цветови.
Фестивалот ќе трае до 7. август.