Bedrudin Brljavac
19 Август 2023•Ажурирај: 20 Август 2023
САРАЕВО (АА) – Во Народниот театар во Сараево синоќа со доделување на наградата „Срцето на Сараево“ заврши 29. издание на Сараевскиот филмски фестивал (СФФ), а за најдобар е прогласен играниот филм „Кос, кос, капина“, јавува Анадолу.
Познатата шкотска режисерка Лин Ремзи ја доби почесната награда „Срцето на Сараево“.
Во натпреварувачката програма за наградите „Срцето на Сараево“ годинава учествуваа вкупно 49 филмови.
Најдобар игран филм на овогодинешниот СФФ е „Кос, кос капина“ на Елена Навериани од вкупно осум филмови кои беа во конкуренцијата.
Филип Сотниченко со филмот „Ла Палисијада“ е најдобар режисер на 29. издание на СФФ.
За најдобар актер е прогласен Јован Гиниќ за „Изгубена земја“, а Екатерине Чавлеишвили ја доби наградата „Срцето на Сараево“ за најдобра актерка за улогата во филмот „Кос, кос капина“.
„Срцето на Сараево“ за најдобар краткометражен документарен филм го освои Сара Јуринчиќ со филмот „Валерија“, а „Срцето на Сараево“ за најдобар документарен филм го освои Немања Војиновиќ за „Ботлмен“.
Најдобар краток филм на 29. СФФ е „27“ на Флора Ана Буда, а наградата за човекови права ја доби Кумјана Новакова за филмот „Тишина на разумот“.
Специјалната награда на жирито му припадна на Герго Сомоѓивари за филмот „Самовилска градина“.
„Срцето на Сараево“ за најдобар студентски филм и припадна на Ана Гимес за филмот „Паѓање“, а специјалната награда за промовирање на родовата еднаквост ѝ припадна на Селма Доборац за филмот „Де факто“.