Ecenur Çolak
02 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
АНКАРА (AA) - Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) продолжува со реставраторските работи на саат-кулите на Балканот кои датираат од османлискиот период, меѓу кои и саат-кулата во Скопје, пренесува Anadolu Agency (AA).
ТИКА започна со реставрација на саат-кулата која се наоѓа во комплексот на џамијата Султан Мурат во Скопје. Оваа саат-кула во Скопје којашто е едно од османлиските дела, датира од 16. век, и е првиот пример од изградените саат-кули на Балканот. ТИКА истовремено врши реставрација на џамијата и на комплексот Султан Мурат во Скопје.
Во писмено соопштение на ТИКА се наведува дека оваа институција ја реставрирала саат-кулата во Подгорица, главен град на Црна Гора, едно од најстарите населени места на Балканот.
Во османлискиот период, во Подгорица се изградени саат-кула, училиште и џамијата Османагиќ.
Саат-кулата целосно е изградена од камен, има четири страни, а на четирите страни по еден прозорец. Оваа саат-кула е едно од ретките османлиски историски дела кои успеале да опстојат во градот.
Саат-кулата висока 20 метри, која до 20. век беше највисоката градба во Подгорица и е еден од симболите на градот, беше реставрирана од страна на ТИКА.
Исто така, ТИКА ја изврши реставрацијата на околината на плоштадот каде што се наоѓа и саат-кулата што го носи името на Бекир бег Османагиќ, внук на Мехмет Паша Османагиќ. ТИКА на овој начин дава придонес во препознавање на историската текстура и богатството на Црна Гора од страна на младите генерации.
При крај се реставраторските работи на османлиската саат-кула во албанскиот град Ѓирокастро, извршени од страна на ТИКА. Османлиската саат-кула била изградена како дел од калето на Ѓирокастро, со цел да се пресметува времето за молитва (намаз).