Furkan Abdula
12 Мај 2018•Ажурирај: 13 Мај 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Здружението „Визиони-М“ во Македонија, со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), денес се одржа свечено доделување на сертификати за 105 лица кои го завршија бесплатниот курс по Турски јазик, јавува Anadolu Agency (AA).
На свеченоста за доделување серитфикати за завршениот курс, на кој Институтот „Јунус Емре“ даде поддршка преку едукативни материјали, учествуваа Бурак Онер, претставник од Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, директорот на Турската фондација „Маариф“ за Македонија, Мустафа Дилиоглу, претседателот на Здружението „Визиони-М“, Исмаил Бериша, претставници на локални здруженија и организации, професори по турски јазик, како и курсисти кои учествуваа на овој курс.

Претставникот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Бурак Онер, нагласи дека во рамките на проектот за Туркологија тие како институција носат професори од Турција во државните и приватни универзитети во Македонија, и дека годишно од 600 до 800 лица го изучуваат турскиот јазик преку нивните проекти.

„Организираме програми заедно со сограѓаните Албанци и Бошњаци. Посакувам среќа и од сега упатувам благодарност до оние кои го изучуваа турскиот јазик. Мислам дека тоа ќе ви биде од корист во иднина“, додаде тој.
Претседателот на Здружението „Визиони-М“, Исмаил Бериша, истакна дека ова здружение од почетокот на нејзиното основање организира проекти во насока на заштитата на локалните, националните и духовните вредности на Албанците во Македонија.

Како што рече Бериша, од 2011 година досега организираат бесплатни курсеви по Турски јазик во насока на зајакнување на врските со Турција и братскиот турски народ со кого со векови споделувале заедничка историја и цивилизација.
„Од оваа година започнавме активности за Османлискиот јазик. За нашите курсеви по Османлиски јазик кои се многу значајни за нашата историја, постои заинтересираност во градовите Скопје, Тетово, Куманово и Гостивар“, нагласи Бериша.
Тој упати благодарснот до ТИКА и до Институтот „Јунус Емре“ за дадената поддршка кон нивните активности, и посака овие активности да се прошират во повеќе места.

Ќубра Исмаил, претставничка на програмата за курсеви по Турски јазик при Здружението „Визиони-М“, истакна дека имаат за цел да организираат курсеви во секое место во Македонија, и додаде дека на почетокот на курсевите во 2011 година, курсот по Турски јазик го завршиле 35 лица.
„Во 2012 година дипломи добија 59 лица, во 2013 година 56, во 2014 година 24 лица, во 2015 година 51, во 2016 година 104, во 2017 година 106 лица, додека оваа година курсот во одредени степени го завршија вкупно 105 лица“, рече таа.

Церемонијата заврши со рецитирање на турска поезија од страна на курсистите.
Здружението „Визиони-М“ организира курсеви на прв и втор степен наменети за ученици и студенти од осносвно, средно и високо образование.