Dildar Baykan
20 Ноември 2018•Ажурирај: 21 Ноември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Оваа година беше организирано 46. доделување на престижните меѓународни награди „Еми интернешнл“ (Emmy International) на полето на телевизискиот сектор. Церемонијата на доделувањето на наградите се одржа во хотелот „Хилтон“ во Мидлтаун, Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските продукции и актери кои учествуваа во финалето не добија награди, но на црвениот тепих предизвикаа голем интерес и од меѓународните медиуми и од учесниците на доделувањето награди.
- „Постои голем успех“
Актерот Толга Сариташ од серијата „Соз“ (Ветување) беше номиниран во категоријата „Најдобар актер“. Сариташ за АА изјави „„Еми интернешнл“ е многу престижна награда. Прекрасно е чувството да се биде тука и да се претставува Турција.“
Зборувајќи дека имал можност да се запознае со голем број лица, Сариташ истакна дека учеството на оваа организација, за него претставува многу убаво искуство.
Велејќи дека генерално во САД добил многу позитивни критики, Сариташ продолжи со зборовите „Особено откако пристигнав тука, увидов дека постои голем интерес за турските серии. Тоа многу ме израдува. Секторот за серии на Турција има голем успех. Да се биде дел од овој успех, претставува многу убаво чувство. Јас сум тука за да го претставувам овој успешен сектор.“
- „Доволно е само да се биде тука“
На доделувањето на наградите „Еми интернешнл“, серијата „Храбриот и убавицата“ се најде во финалето во категоријата „Најдобра серија“. Актерката Туба Бујукустун, рече дека ова е нејзино второ искуство, додавајќи дека претходно на „Еми“ учествувала во номинацијата за „Најдобра актерка“.
Актерката Бујукустун за АА изјави „Секогаш е многу пријатно чувството да се биде тука. Јас го именувам како семејството Еми интернешнл. Навистина се многу благонаклонети и гостопримливи. Доволно е само да се биде тука. Пред малку ме прашаа ’Дали ќе ја земете наградата, што чувствувате?‘ Кога си тука, веруваш дека е важно тоа што си присутен.“
Зборувајќи дека внатре ја очекува голема маса луѓе, Бујукустун изјави „Ова е извонредно. Што можам да кажам?“
Во категоријата „Најдобра серија“ номинирана е и серијата „Истанбулска невеста“, а на „Еми интернешнл“ ја претставуваше продуцентот на серијата Онур Ѓувенатам и Главен извршен директор на „Глобал ејџенси“, Изет Пинто.