Cuneyt Davut
30 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
КИЧЕВО (АА) - Во западна Македонија, во Општина Кичево, турскиот јазик е прогласен за трет официјален јазик.
Градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, во разговор за АА зборуваше за целиот процес на официјализирање на Турскиот јазик во општината,неговото најавување, периодот на прогласување и настанатите реакции.
Градоначалниот Дехари истакна дека Кичево е мултиетнички град во кој живеат Македонци, Албанци, Турци, Роми и претставници на други народи. „Од самиот почеток на мојата функција градоначалник на Општина Кичево, еден од принципите кон кои покажувам особено внимание е моето подеднакво однесување кон сите граѓани на Кичево", рече градоначалникот Дехари.
Градоначалникот Дехари, исто така истакна дека еден од најважните принципи, е обезбедувањето на социјална праведност, кој е еден од највредните принципи за животот во заедницата.
Чуствувото за еднаквост меѓу сите граѓани, бил еден од приоритетните задачи кои си ги поставил градоначалникот Дехари. „Услугите кои Општината ги дава како институција треба да бидат рамноправни и подеднакви кон секого и на иста начин и јас на тој начин се посветив кон исполнувањето на моите должности", вели градоначалникот на Кичево Дехари.
За слободата на изразување и зборување на сопствениот јазик, кои се основни човечки права, во светот се воделе многу војни, што според Дехари „е неприфатливо“.
„Во тој поглед, јас и општинскиот парламент со нашите сограѓани водевме интензивни преговори и на крај ја донесовме оваа одлука“, рече Дехари.
Дехари, за време на официјалната средба во Општината Бајрампаша во Истанбул, ја претставил својата борба за човечките права, и неговиот вложен труд за еднаквоста на сите пред законот, институциите и државата.
„Врз основа на овој принцип, во институцијата со која раководам, користејќи ги правата дадени со Законот на Локалната власт и поддршката на општинските советници, Турскиот јазик го прогласивме за официјален јазик во Општина Кичево“, изјави градоначалникот на Кичево Дехари и додаде дека тоа било желба и барање на турскиот народ во оваа општина.
На сите поединечни и заеднички барања, се стреми да одговори позитивно и на најдобар начин, рече Дехари, и истакна дека за овој вид барања, не ја гледа потребата од инволвирање на политичките партии.
Оваа одлука на Општината, беше позитивно прифатена од заедницата и наиде на големо задоволство кај кичевчани“, рече Дехари и додаде: „Се надевам дека овој наш чекор во Кичево ќе се одрази врз пошироката јавност.“
Изразувањето и зборувањето на сопствениот мајчин јазик се основни човекови права, истакна Дехари и според него граѓаните не треба да бидат лишени од овие права. „Доколку ова мое право би ми било одземено, размислувам во каква ситуација би се нашол, се преиспитувам и постапувам соодветно на тоа“, го бранеше својот став градоначалникот Дехари.
На крајот од разговорот, градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, и се заблагодари на Владата на Република Турција за дадената поддршка и ги изрази своите желби за зголемување на понатамошни инвестиции.
Општина Кичево, на 27 јуни 2016 година, го прогласи Турскиот јазик како трет официјален јазик во општината, покрај Македонскиот и Албанскиот јазик.