Haris Suleyman
26 Јануари 2017•Ажурирај: 27 Јануари 2017
СКОПЈЕ (АА) – Проф. д-р. Јулијан Ренч, од Универзитетот „Јоханес Гутенберг“ во германскиот град Мајнц, во рамките на својот проект за проучување на дијалектите на турскиот јазик на Балканот одржа предавање на Македонската академија за науките и уметностите (МАНУ) насловено „Прилошките определби во речениците на турскиот јазик во балканските дијалекти“, јавува Anadolu Agency (AA).
Јулијан Ренч истакна дека во рамките на 2-годишниот проект за истражување на локалните дијалекти веќе 9 месеци престојува Македонија и ова истражување е повеќе насочено кон разликите во синтаксата на балканските дијалекти на турскиот јазик, и причините за овие разлики.
„Моето истражување не е само регионално истражување, туку повеќе се однесува на истражување на магистерски и докторски тези коишто се објавени. Ги прегледувам текстовите што веќе се испитувани и регистрирани од страна на други истражувачи. Во рамките на проектот ќе се истражуваат турските дијалекти во Македонија, Бугарија, Косово, дури и во неколку области во Грција“, изјави Ренч.
Во презентацијата на Ренч се спомнати западните дијалекти на турскиот јазик на Балканот како дијалекти што најмногу се разликуваат од турскиот јазик, како и главните црти во разликите во овие дијалекти.
Проф. Др. Јулијан Ренч е роден во германскиот град Мајнц, каде што го заврши своето образование и студиите по лингвистика и туркологија. Тој предава ориентални студии во турската лингвистика и граматика, османлиски и други турски јазици како што се ујгусрскиот, казакистанскиот итн.
Ренч учествувал во многу истражувања од областа на компаративната лингвистика на турскиот јазик, типологија, семантика, историска лингвистика, морфологија и синтакса на турскиот јазик, балканските дијалекти на турскиот јазик и турската литература.